За нас
Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права „МЕНАЏЕР ЗА КОРПОРАТИВНА БЕЗБЕДНОСТ“ - Скопје (во натамошниот текст: Асоцијација) е непартиско, непрофитно, неполитичко и невладино здружение на граѓани.
Централна точка на вкупните активности на Асоцијацијата (стручни, научни и јавни) ќе биде истражување, анализирање, мапирање и мониторинг на поставеноста и функционирањето корпоративната безбедност во Република Македонија, вклучително и процесот на имплементација на принципот на владеење правото, почитување и заштитата на човековите слободи и права во оваа област.
Добиените резултати од сопствените истражувачки проекти и активности, Асоцијацијата, во континуитет и транспарентно ќе ги претставува пред стручната, научната и поширока јавност, со цел да придонесе кон унапредување на корпоративната безбедност во Република Македонија.
Прочитај повеќе (PDF)Стани член
Член на АКБ може да биде секое лице кое се занимава со корпоративна безбедност и управување со ризици, како и лица кои имаат соодветно образование во областа. Ве повикуваме да се придружите и да станете дел од модерна, иновативна и високо професионална организација.
Доколку сакате да станете член пополнете ја следната пристапница и испрате ја на следниот e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Контактирајте не