Администратор

Администратор

Adria Security Summit je vodeća godišnja konferencija i izložba industrije sigurnosti Jadranske regije. Zaštita infrastrukture i objekata, sigurnost zaposlenika i korisnika usluga, sprečavanje gubitka podataka i drugih vrijednosti, napredni integracijski koncepti, moderne tehnologije zaštite, stanje i perspektive privatne sigurnosti glavne su teme događaja. Pridružite se susretu 500+ profesionalaca iz vodećih 250 kompanija proizvođača, distributera, sistem-integratora, instalatera i konsultanata, te krajnjih korisnika. Partneri projekta i domaćini su vodeća strukovna udruženja iz Bosne i Hercegovine, Hrvatske, Makedonije, Slovenije i Srbije, okupljena s namjerom povezivanja i razvoja regionalnog sigurnosnog tržišta.

Nastupajući Adria Security Summit 2017 održat će se u Konvencijskom centru - Šibenik. 

 

Повеќе инфо на официјалната страна на настанот : http://www.adriasecuritysummit.com/

Претседателот на Асоцијацијата за корпоративна безбедност, проф. д-р Атанас Козарев, присуствуваше на петтата меѓународна конференција LEMIMA 2017 која се одржа на 21.aприл 2017 година во Свечената сала на Факултетот за деловни студии и право. Истовремено оваа конференција  беше јубилејна - десетта по ред,  LEMIMA (Law, Economy and Managemet in Modern Ambience) и ANTIM ( Application New Tehnology in Management) која заедно ја организираа Факултетот за деловни студии и право и Факултетот за стратешки и оперативен менаџмент од Белград.
 
 
Галерија од настанот:
 
Arrow
Arrow
PlayPause
ArrowArrow
Slider
 

Галерија од настанот во Тиквеш-Кавадарци со Амбасадорот на Република Словенија во Р.Македонија Н.Е проф. д-р Милан Јазбец.

Н.Е. амбасадор проф. д-р Милан Јазбец Ве поканува на деловен ручек и презентација за корпоративна безбедност во вторник, 14 март 2017 од 12:30 до 15:30 часот на која еден од презентерите ќе биде и проф. д-р Атанас Козарев, претседателот на Асоцијацијата за корпоративна безбедност и декан на Факултетот за детективи и криминалистика при ЕУРМ.

 

konfSlovenija.png

PDF Верзија

Ни претставува посебно задоволство да Ве поканиме да учествувате на Третата меѓународна научна конференција што ја организира Aсоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови прав права МЕНАЏЕР ЗА КОРПОРАТИВНА БЕЗБЕДНОСТ“ - Скопје

Интернационалниот Универзитет во Травник ја организира XV Интернационална конференција под наслов "Traffic, ecological and economy problems and perspectives of solving of mentioned in the countries of Western Balkans with an overview on Bosnia and Herzegovina која ке биде одржана на 19 и 20 мај 2017 година во Влашич, Хотел Пахуљица.

Повеќе инфо може да најдете во следниве PDF фајлови:

Кирилица , Латиница , Англиски

Институтот за студии за корпоративна безбедност - ICS ја организира 8-та меѓународна конференција "Days of Corporate Security". Темата на оваа конференција ќе биде "The new security challenges and their impact on the effective functioning of organizations"Конференцијата ке се одржи од 15 до 16 март 2017 година во Конгресната сала Кристал Палас во Љубљана. Повеќе за настанот може да прочитате ТУКА.

АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА КОРПОРАТИВНА БЕЗБЕДНОСТ ОД СКОПЈЕ -  АКАДЕМСКИ ПАРТНЕР СО УНИВЕРЗИТЕТИ ОД РЕГИОНОТ

Во периодот 16-17.12.2016  година во организација на Интернационалниот универзитет Травник се одржа IV Меѓународна конференција “Корпоративната безбедност во БиХ и земјите на Западниот Балкан од економски, правен и комуниколошки аспект”. Претседателот на Асоцијацијата за корпоративна безбедност проф. д-р Атанас Козарев беше гостин на оваа конференција заедно со Европскиот универзитет од Скопје и  Универзитетот УНИОН Никола Тесла од Белград. Основната цел на конференцијата беше истражување на проблематиката поврзана со корпоративната безбедност во Босна и Херцеговина и земјите од Западниот Балкан во функција на решавање на економските, правните и комуникациските прашања, размена на најцелисходни решенија и препораки во деловните односи имајќи ја во вид изразената актуелност на оваа тема која е присутна во многу земји и денес станува светски проблем.  Во текот на првиот дел од конференцијата беше претставен успешно реализираниот научно-истражувачки проект: Медиумската писменост и политичката манипулација - позоција и опозиција во контекст на развојот и/или спречување на развојот на здраво општество со непосредна демократска свест - компаративна предност и недостатоци во Босна и Херцеговина и Латвија. Потоа беше потпишан договор за реализација на заедничка програма од II  циклус студии по маркетинг менаџмент и трговија помеѓу Економскиот факултет на Интернационалниот универзитет во Травник и Каунас факултетот за хуманистички науки од Вилнус универзитетот од Литванија. Од Европскиот универзитет свое предавање одржа проф. д-р Атанас Козарев, Декан на Факултетот за детективи и криминалистика на тема: Релациите помеѓу корпоративната безбедност во Република Македонија и државниот безбедносен сектор.

На конференцијата имаше претставници од Владата на Средно босанскиот кантон на чело со Премиерот на владата г-дин Тахир Лендо и министерот за стопанство доц. д-р Сеџад Милановиќ.

Во рамките на одржувањето на меѓународната конференција, беше потпишан и меморандум за соработка.помеѓу Асоцијацијата за корпоративна безбедност од Скопје и Интернационалниот универзитет Травник, а посебна плакета беше доделена и на Претседателот на Асоцијацијата проф. д-р Атанас Козарев.

Инаку, Интернационалниот универзитет Травник ги има следните факултети:  економски факултет, сообраќаен факултет, факултет за политехнички науки, економски факултет, факултет за медии и комуникации, правен факултет и факултет за информациони технологии. Универзитетот има непосредна соработка со Каунас факултетот за хуманистички науки од Вилнус универзитетот од Лиитванија, кој се наоѓа меѓу првите 500 универзитети во светот, а оваа година, Европското друштво за истражување на квалитет од Берлин на овој универзитет ја доделил наградата ESQR за избор на квалитет за 2016 година.

Arrow
Arrow
PlayPause
ArrowArrow
Slider

Петок, 09 Декември 2016 17:55

Adria Security Summit

Одржана традиционална 4.Меѓународна конференција САМКБ - “Корпоративната безбедност во Република Србија 2016” - 6.септември 2016.

Српската асоцијација на меџери за корпоративна безбедност во соработка со партнерите од регионот, а во соработка со Магазинот за безбедност а&s Адриа од Сараево ја организираше 4.Меѓународна конференција САМКБ - “Корпоративната безбедност во Република Србија 2016” - која се одржа на 6.септември 2016 година во хотелот Crown Plaza, во текот на првиот ден од 2.Adria Security Samit.

Организатори на конференцијата беа Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност, Асоцијацијата на менаџери за корпоративна безбедност на Југоисточна европа (SECSA) и Магазинот за безбедност а&s Адриа од Сараево.

Учесници на конференцијата “Корпоративната безбедност во Република Србија 2016” беа менаџери за корпоративна безбедност од јавниот и приватниот сектор на Србија, но и од земјите од регионот. Конференцијата беше можност тие да разменат искуства и примери за добра практика и да укажат на значењето од воспоставувањето на системите за корпоративна безбедност во процесите на управување во јавните и приватните компании и други институции. Претседателот на Асоцијацијата за корпоративна безбедност од Република Македонија проф. д-р Атанас Козарев ги поздрави учесниците на конференцијата и се осврна на актуелните предизвици поврзани со функционирањето на корпоративната безбедност во нашата држава. Исто така, присутните ги запозна со предизвикот да ја раководи Асоцијацијата за корпоративна бездност како прва организација од таков вид во Република Македонија, со нотирање на значењето на Меморандумите за соработка со Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност, Агенцијата за приватно обезбедување НИКОБ - Скопје и други институции.

Во текот на пленарниот дел од конференцијата, традиционално и оваа година САМКБ додели годишни награди во различни категории за резултати остварени во 2015 година во областа на корпоративната безбедност. Доделени се награди во следните категории:

* АД Аеродром Никола Тесла Белград - годишна награда за најдобра компанија за остварен резултати и развој во областа на корпоративната безбедност во 2015 година, наградата во име на компанијата ј априми генералниот директор на Аеродром Никола Тесла - Саша Влаисављевиќ;

* Саша Тодоровиќ, директор на Дирекција за корпоративна заштита Блокови НИС А.Д. - годишна награда за најдобар менаџер од областа на корпоративната безбедност во 2015 година;

* Специјална Годишна награда доделена беше на Владимир Ребиќ, в.д. директор на полицијата МВР-Србија, за исклучителен придонес во развојот на корпоративната безбедност во Република Србија во 2015 година.

Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност и оваа година додели плакети на заслужени институции за развој на асоцијациите и корпоративната безбедност во Србија. Плакети примија:

* Асоцијација за корпоративна безбедност - Република Македонија, наградата ја прими проф. д-р Атанас Козарев, претседател на Асоцијацијата;

* Зоран Алимпиќ, началник на Управата за полиција МВР - Република Србија;

* Компанијата CP Security int. group d.o.o., наградата ја прими Драган Суханек, директор на компанијата.

По завршување на пленарниот дел и доделувањето награди, во текот на конференцијата на САМКБ беа презентирани предавања на следните три теми:

1. Комерцијални договори - место и улога на корпоративната безбедност - г-дин Саша Тодоровиќ, директор на Дирекција за корпоративна заштита Блокови НИС А.Д.

2. Детективската дејност во функција на корпоративната безбедност - проф. д-р Драган Триван, претседател на САМКБ и потпретседател на Стопанската комора Белград;

3. Резултати од напредниот возачки тренинг во подобрувањето на безбедноста - Младен Авировиќ, директор на Sat Media Group.

Исто така, се одржаа и две предавања од гости - предавачи:

1. Претставување на сигурносни решенија на компанијата - електронски брави и решение  Key - Pedro Martin, компанија Evva-Austrija;

2. IP аудио дистрибутивни системи за јавен разглас, узбуна и евакуација - Зоран Драгачевиќ, компанија Ateis Suisse SA Švajcarija.

После првиот дел од конференцијата на САМКБ, во вториот дел од конференцијата, а во рамките на првиот ден од Adria Security Samit, одржана е CASE STUDY EXCELLENCE AWARDS 2016, студија на случаи и презентација на проекти од страна на следните компании:  BOSCH, HIKVISION, DAHUA, DBS, JKP INFORMATIKA, ŠPICA, YARJA ELEKTRONIKA, ALARM AUTOMATIKA, на кои се претставени инсталации на комплексните интегрирани системи од доменот на безбедноста.

Програмата на Адриа Самитот може да ја погледнете тука.

Галерија

Arrow
Arrow
PlayPause
ArrowArrow
Slider
Петок, 09 Декември 2016 17:07

Награди/Признанија

Асоцијацијата за корпоративна безбедност на Република Македонија е добитник на повеќе награди и признаниja.
Сите награди и признанија можете да ги погледнете во галеријата подоле:

Arrow
Arrow
PlayPause
Интернационален Универзитет Травник - Признание од Интернационалниот Универзитет во Травник
Slider