(0 гласови)

6та Меѓународна стручна конференција - “Корпоративна безбедност во Република Србија 2018”

Стручниот собир со меѓународно учество на менаџери за корпоративна безбедност од јавниот и приватниот сектор во Република Србија и земјите во регионот, со цел размена на искуства и примери на добра практика, традиционално и оваа година се одржа на 11.10.2018 година во хотелот Холидеј ин во Белград.

Организатори на конференцијата беа Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност во соработка со Асоцијацијата на менаџери за корпоративна безбедност на Југоисточна Европа (SECSA) и водечкиот електронски магазин во областа на безбедноста SecuritySEE.com. Генерален покровител на конференцијата беше компанијата Dahua Technology, водечки светски производител на сигурносна опрема и решенија за безбедност.

Собирот на конференцијата претставува традиционално собирање на менаџерите за корпоративна безбедност како посебна струка, со цел размена на искуства и примери на добри практики, како и укажување на значењето од воспоставувањето на системот за корпоративна безбедност во процесите на управување во јавните и приватните компании и другите инстититуции.

На самиот почеток на конференцијата, во име на Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност, присутните ги поздрави проф. д-р Драган Триван, претседател на САМКБ, кој меѓу другото истакна: во изминатите неколку години, имаме голем број на менаџери за корпоративна безбедност од приватните компании и јавните претпријатија од Србија и странство. Конференцијата е препознатлива и преку доделувањето на престижните годишни награди за најдобри менаџери за корпоративна бебзбедност и компании со најдобри резултати во областа на корпоративната безбедност.ˮ

Воведно обраќање имаа и генерал мајор Срѓан Ѓорѓевиќ во име на Министерството за одбрана на Република Србија, д-р Звездан Радојоковиќ – помошник директор на полицијата во Министерството за внатрешни работи, Маринко Радиќ – генерален секретар на Повереникот за информации од јавно значење и заштита на податоци за личноста.

После воведниот дел, се пристапи кон доделување на годишните награди за 2017 година на компании и поединци заслужи за развој на Асоцијацијата и корпоративната безбедност во Република Србија. Наградите ги врачи претседателот на извршниот одбор на Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност, г-дин Дејан Павловиќ.

После доделувањето на наградите, отпочна работниот дел. Првиот дел од конференцијата го одбележаа излагањата и дискусиите на тема поврзана со актуелната GDPR Уредба и нејзината примена во доменот на корпоративната безбедност. Посебна презентација во овој дел имаше м-р Ален Остојиќ, претседател на Хрватското здружение на менаџери за корпоративна безбедност кој ги претстави проблемите со кои се соочува во практиката Хрватска, како членка на ЕУ.

Натаму, се одржа тркалезна маса под назив: Компаниите и новата европска регулатива – Општа уредба за заштита на податоци за личноста GDPR (General Data protection Regulation)ˮ, под модераторство на доц. д-р Горан Матиќ.

После дискусијата на оваа тема, се пристапи кон потпишување на Протокол за пристапување на Асоцијацијата за корпоративна безбедност во Република Македонија во Асоцијацијата на менаџери за корпоративна безбедност во Југоисточна Европа.

Во вториот дел од конференцијата, излагачите и присутните се фокусираа на актуелното прашање за заштита на критичната инфраструктура. Во овој дел, посебна презентација имаа: Бојан Томиќ – помошник началник во Секторот за вонредни состојби при МВР на Република Србија, проф. д-р Денис Чалета, Претседател на Словенечкото здружени за корпоративна безбедност, кој ги запозна присутните со најдобрите практики за одбрана на критичната инфраструктура на Европската унија, Живко Бабовиќ – началник на Управата за управување со ризици во Секторот за вонредни состојби на МВР на Република Србија. На крајот се одржа тркалезна маса на тема: Вонредните ситуации и заштитата на критичната инфраструктура од аспект на корпоративната безбедност, чиј што модератор беше проф. д-р Атанас Козарев, декан на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет и претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност во Република Македонија.

Во завршната сесија од конференцијата, учесниците ги споделија своите лични искуства од практиката на организациите од каде што доаѓаат, со заклучок дека стручњаците од областа на корпоративната безбдност во иднина треба да имаат повеќе интердсциплинарни вештини, со кои ќе бидат во состојба ефикасно да дејствуваат во областа на управувањето со ризици, а кои ги наметнува динамичното безбедносно опкружување.


Повеќе детали за настанот:

Покана (СРБ) 

Програма

Апликација

Прочитајте 646 times Последен пат изменето на Сабота, 20 Октомври 2018 09:50

Оставете коментар

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.