(0 гласови)

Вечер: "Еднодневниот семинар на ЕУРМ: Создавање услови за непречено користење на услугите на приватните детективи во нашата држава"

Во организација на Асоцијацијата за корпоративна безбедност на Европски универзитет РМ во Скопје на 17 ноември се одржа еднодневен семинар на тема „Приватните детективи во областа на корпоративната безбедност, кривичната постапка и бизнис разузнавањето„. Целта на семинарот беше создавање услови за непречено користење на услугите на приватните детективи во нашата држава согласно Законот за детективската дејност и Законот за кривичната постапка од страна на физичките и правните лица во граѓанската, кривичната постапка, но и за приватните потреби. Исто така се разговараше за унапредување на детективската дејност во практиката, како и согледување на одредени законски слабости во постоечката регулатива; мотивирање на дипломираните детективи да се исправат пред предизвикот да отпочнат самостојно со вршење на оваа дејност и други значајни прашања од оваа област.
На семинарот присуствуваа претставници на бизнис заедницата во нашата држава, експерти од академската и стручна јавност, студенти на прв и втор циклус студии на Факултетот за детективи и криминалистика при ЕУРМ.
Претседателот на Асоцијацијата за корпоративна безбедност од Скопје, проф. д-р Атанас Козарев истакна дека уставната детерминираност на заштитата на темелните уставни вредности како што се човековите слободи и права и правната заштита на сопственоста, придонесе за развивање на секундарни форми на нивна заштита, а во таа смисла и до појава и развој на детективската дејност.

Прочитајте повеќе на Vecer.press

Прочитајте 260 times

Оставете коментар

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.