(0 гласови)

Меѓународна научна и стручна конференција „Реформата на националниот безбедносен систем во контекст на НАТО и ЕУ интеграцијата“

Меѓународна научна и стручна конференција

Реформата на националниот безбедносен систем во контекст на НАТО и ЕУ интеграцијата

Повик за научни и стручни трудови

 

1.Генерални податоци за меѓународната научна и стручна конференција

Мисија

Националниот безбедносен систем на нашата држава во текот на 2019 година се соочува со предизвикот на имплементација на долгоочекуваната реформа имплицираната поради бројни причини од национален па се до регионален и меѓународен аспект. Имено, после осамостојувањето на државата се создадоа првите безбедносни институции со демократски предзнак. Меѓутоа, од денешна перспектива се покажа дека стартот на новиот безбедносен систем после независноста долги години со себе го носеше белегот и трагата на реликтите од минатото. Потребен беше подолг временски период за да се развие свеста и да се подигне нивото на безбедносна култура и етика. Во одделни интервали бевме сведоци на афери со кои се поткопуваше темелот на безбедносниот систем и се доведуваше во прашање персоналниот и професионалниот интегритет на припадниците на безбедносниот систем. Последниот потрес во функционирање на националниот безбедносен систем се поврзува со објавеното незаконско прислушкување и следење на граѓани од најразличен профил надвор од рамките на правната држава. На овој начин се создаде основа за спроведување на радикална реформа на целокупниот безбедносен систем. Донесена е нова регулатива со која се создаде нов организационен дизајн на безбедносниот систем кој досега е непознат кај нас, но од друга страна претставува долгогодишна практика во соседните и развиените демократски земји. Се поставија нови прашања, како што е прашањето за ветингот во полицијата, разузнавачките и контраразузнавачките служби, цивилни и воени.

Мисијата на конференцијата е да одговори на предизвиците со кои се соочуваат припадниците на полицијата, разузнавачите, контраразузнавачите и другите безбедносни институции. Преку размена на експертски знаења, професионални практики и индивидуални искуства, како и взаемна соработка помеѓу образовните институции, научно-истражувачкиот сектор, безбедносните институции, ќе се создаде основа за да се дојде до релевантни и апликативни решенија со кои ќе се подобри демократското функционирање и контрола над безбедносниот систем во целина.

Цели

Коннференцијата има научна, стручна и поширока општествена цел. Научната и академска заедница е во функција на истражување на општествените пројаци и процеси како што е отпочнатиот реформски процес во областа на безбедноста кај нас. Стручњаците и професионалци во безбедноста имаат посебна задача да придонесат за унапредување на секојдневното работење и усовршување на практиката на оперативно, тактичко и стратешко ниво. Имајќи во вид дека безбедноста е дел од поширокиот општествен систем несомнено е дека општествената цел на конференцијата е да создаде фундамент за кредибилен безбедносен систем заснован врз европски стандарди и практики.

Теми

v  Причини за реформа на националниот безбедносен систем

v  Европеизација на националниот безбедносен систем

v  Правни аспекти на реформата на националниот безбедносен систем

v  Економски аспекти на реформата на националниот безбедносен систем

v  Политички аспекти на реформата на националниот безбедносен систем

v  Психолошки аспекти на реформата на националниот безбедносен систем

v  Демократска контрола над националниот безбедносен систем

v  Безбедносна култура и етика

v  Функционирање на Агенцијата за национална безбедност – предности и недостатоци на новиот модел

v  Координација на националните безбедносни институции

v  Очекувани ефекти од реформата на националниот безбедносен систем

 

  1. 2.Одбор и учесници на меѓународнатаконференција

Програмски одбор

  1. Вонр.проф. д-р Атанас Козарев, Претседател на Асоцијација за корпоративна безбедност, Скопје - Претседател;
  2. Ректор, проф. д-р Јордан Плевнеш, ЕСРА универзитет, Скопје, почесен претседател
  3. Проф. д-р Драган Триван, Белград, Република Србија
  4. Вонр.проф. д-р Сеџат Милановиќ, Интернационални универзитет Травник, Травник, Босна и Херцеговина;
  5. Проф. д-р Денис Чалета, Институт за корпоративни студии, Љубљана, Република Словенија;
  6. Проф. д-р Марина Митревска, Филозофски факултет Скопје;
  7. Проф д-р Лада Садиковиќ, Факултет за сигурносни студии, криминологија и криминалистика, Универзитет во Сараево, Босна и Херцеговина;
  8. Проф. д-р Кубилај Акман, Ушак Универзитет, Факултет за уметност и наука, Департмант по социологија, Република Турција
  9. Проф. д-р Георги Манолов, ВУСИ, Пловдив,Република Бугарија
  10. Проф. д-р Љупчо Сотироски, Факултет за детективи и криминалистика, Европскиуниверзитет
  11. Проф. д-р Мартина, НИТРА универзитет, Република Словачка
  12. Проф. д-р Ангело Фераро, Декан, Факултет за право и економија, Медитеран универзитет, Италија

Организационен одбор

  1. Проф. д-р Фердинанд ОџаковФакултет за детективи и криминалистика, Европскиуниверзитет - Претседател;
    1. Асс. м-р Ебру Ибиш, Европски универзитет - Техничкисекретар;
    2. Лектор Марија Драговиќ, Европски универзитет –Преведувач;
    3. М-р Игор Сековски, - Графичкидизајн;
    4. Асс. м-р Мина Ефремовска, - Техничкиуредник.


Учесници

Учесници на конференцијата ќе бидат:

  • Експерти од сите области на науката;
  • Универзитетски професори и соработници(асистенти);
  • Студенти.

Повеќе за настанот

 

Агенда

Vecer.press

 

Галерија

 

Arrow
Arrow
Slider

Прочитајте 730 times Последен пат изменето на Среда, 27 Ноември 2019 21:41

Оставете коментар

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.