(0 гласови)

Одржано годишно Собрание на Асоцијацијата за корпоративна безбедност и доделни годишни плакети и благодарници

Во сабота, 08.05.2021 година се одржа Годишното собрание на Асоцијацијата за корпоративна безбедност - Скопје,

придружна членка на Асоцијацијата за корпоративна безбедност за Југоисточна Европа со седиште во Загреб. Интернационалната комисија со која претседаваше проф. д-р Драган Триван, донесе одлука за успешен развој на безбедноста и посебно на корпоративната безбедност да бидат наградени: м-р Саше Тасевски, директор на Бирото за јавна безбедност, проф. д-р Ацо Станков, раководител на Институтот за судска медицина при Медицинскиот факултет-Скопје, г-дин Анџело Василевски од “Батери еволушн”, Скопје, г-дин Кирил Лазаров од “Никоб обезбедување”, Скопје, г-дин Кирил Богевски од винарија “Бовин”, Неготино и весникот “Нова Македонија”. Исто така, посебно благодарници беа доделени на Градоначалникот на Кавадарци, г-дин Митко Јанчев и г-дин Драган Митрев од оптика Сфера тајм, Струмица.
Проф. д-р Драган Триван, претседател на Интернационалниот одбор за доделување на наградите и признанијата изјави дека доделувањето на годишните плакети од областа на корпоративната безбедност претставува посебна чест за мене како претседател на Одборот за доделување награди и признанија. Развојот на корпоративната безбедност во Република Северна Македонија се движи во напреден правец и во тоа посебна заслуга има активноста на Асоцијацијата за корпоративна безбедност - Скопје. И во услови на пандемија, оваа асоцијација успеа да реализира неколку значајни работилници во регионот и да помогне компаниите полесно да ја преструктуираат својата безбедност согласно новите услови. Се надевам дека наградите се во вистински раце и истите ќе имаат своја практична евалуација.
Претседателот на Асоцијацијата за корпоративна безбедност - Скопје, проф. д-р Атанас Козарев, на присутните им ги честита наградите и ја нагласи нивната улога во развивањето на концептот за корпоративна безбедност како теорија и практика во нашата држава. Според професорот Козарев, македонската полиција како никогаш досега покажува резултати во областа на јавната безбедност со кои се вбројува со развиените полиции во светот, при што изрази очекување и во иднина овој тренд да оди во нагорна линија благодарение на стратешкото менаџерство на директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски. Развојот на корпоративната безбедност во нашата држава е незамислив без реалната поддршка на г-дин Кирил Лазаров, лидерот во областа на приватното обезбедување и носител на нови иновативни и креативни идеи во остварување на што поголема економска безбедност на деловното работење. За развојот на локалната безбедност посебен придонес има активноста на градоначалникот на општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев и неговиот тим во локалната самоуправа, со што покрај останатите атрибути има посебен белег за подигнување на безбедносната свест на граѓаните на Кавадарци и нивната безбедносна култура.
Настанот се одржа во прекрасниот амбиент на винаријата Бовин во Неготино, во присуство на сопственикот на винаријата г-дин Кирил Богевски и младиот менаџер Дамјан Парлапанов.

Повеќе за настанот

Галерија:

PlayPause
x1.jpeg
Slider

Прочитајте 393 times Последен пат изменето на Понеделник, 24 Мај 2021 21:25

Оставете коментар

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.