Членство во Асоцијацијата
Член на Асоцијацијата може да биде секој полнолетен граѓанин, државјанин на Република Северна Македонија или државјанин на друга држава, кој доброволно ќе пристапи кон Асоцијацијата, обврзувајќи се да ги застапува и брани интересите и целите на Асоцијацијата и да работи во согласност со Статутот. Членство во Асоцијацијата може да остварат и правни лица од Република Северна Македонија.
Услови за зачленување на физички и правни лица во Асоцијацијата
Услови за зачленување на физички лица се:
1.препорака од двајца членови на Асоцијацијата до Собранието на Асоцијацијата која се доставува до Претседателот на Асоцијацијата. Членството се потврдува на наредната седница на Собранието на Асоцијацијата;
2.биографија на кандидат за член на Асоцијацијата која се доставува до Претседателот на Асоцијацијата.
Асоцијацијата може да има и почесни членови кои покажале посебен интерес во развојот на корпоративната безбедност, владеењето на правото и човековите права. Почесните членови не можат да бидат бирани во органите на Асоцијацијата и немаат право на глас.
Членство се стекнува со потпишување на пристапница.
Услови за зачленување на правни лица:
1.препорака од двајца членови на Асоцијацијата до Собранието на Асоцијацијата која се доставува до Претседателот на Асоцијацијата. Членството се потврдува на наредната седница на Собранието на Асоцијацијата;
2.тековна состојба од правното лица.
Престанок на членство во Асоцијацијата
Членството за физички лица во Асоцијацијата престанува со:
1.изјава за престанок од членот на Асоцијацијата која се доставува до Претседателот на Асоцијацијата;
2.смрт;
3.губење на деловна способност;
4.исклучување од Асоцијацијата со одлука на Претседателот на Асоцијацијата.
Членството за правни лица во Асоцијацијата престанува со:
1.Одлука на управителот на правното лице;
2.Исклучување од Асоцијацијата со одлука на Претседателот на Асоцијацијата.
На членот на кој му престанува членување во Асоцијацијата му се издава Исписница која ја потпишува Претседателот на Асоцијацијата.
Права и обврски на членовите
Членот има право:
- Рамноправно со другите членови да учествува во остварувањето на целите и задачите на Асоцијацијата;
- Непосредно да учествува во одлучувањето на Собранието;
- Да бира и да биде биран во органите на Асоцијацијата;
4.Да биде благовремено и потполно информиран за работата и активностите на Асоцијацијата;
Членот е должен:
- Активно да придонесува за остварување на целите и задачите на Асоцијацијата;
- Да учествува, во согласност со интересот, во активностите на Асоцијацијата;
- Да плаќа годишна членарина на сметка на Асоцијацијата;
Регистар на членови
Асоцијацијата уредно води Регистар на членовите кој се ажурира еднаш годишно. Генералниот секретар на Асоцијацијата изготвува информација за бројот на членовите за клучно со 31.12. за тековната година и истата ја доставува до Собранието на Асоцијацијата.