18.10.2019
2019-International-Scientific-Conference-2Цели на конференцијата
Конференцијата има научна, стручна и поширока општествена цел. Научната и академска заедница е во функција на истражување на општествените појави и процеси како што е отпочнатиот реформски процес во областа на безбедноста кај нас. Експертите и професионалци во безбедноста имаат посебна задача да придонесат за унапредување на секојдневното работење и усовршување на практиката на оперативно, тактичко и стратешко ниво. Имајќи во вид дека безбедноста е дел од поширокиот општествен систем несомнено е дека општествената цел на конференцијата е да создаде фундамент за кредибилен безбедносен систем заснован врз европски стандарди и практики.
Теми на конференцијата
Причини за реформа на националниот безбедносен систем
Европеизација на националниот безбедносен систем
Правни, економски, политички и психолошки аспекти на реформата на националниот безбедносен систем
Демократска контрола на националниот безбедносен систем
Безбедносна култура и етика
Функционирање на Агенцијата за национална безбедност – предности и недостатоци на новиот модел
Координација на националните безбедносни институции
Очекувани ефекти од реформата на националниот безбедносен систем
Приватната безбедносна индустрија во Република Северна Македонија
Корпоративната безбедност – актуелни состојби и предизвици