УПОТРЕБА НА ПОЛИГРАФСКОТО ИСПИТУВАЊЕ – АКТУЕЛНИ ПРОБЛЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ПОЛИЦИЈАТА, ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО, СУДОТ, АДВОКАТУРАТА И КОРПОРАТИВНАТА ЗАЕДНИЦА

16.10.2019 година

Цели на семинарот

Семинарот пред се има за цел да се подигне нивото на знаења и размена на практични искуства за примената на полиграфот во форензичката сфера, при тестирање на вработени во државните органи и во приватниот сектор со цел проверка на професионалниот интегритет, откривање и превенција на корупција и персоналниот интегритет.

 Семинарот е наменет за вработените во полицијата, обвинителството, судот, адвокатурата и корпоративниот сектор, но и пошироко за академската заедница во целина.

Низ предавање, дискусии и обука ќе се укаже на практиката на примена на полиграфското испитување и правните последици односно проблематиката за вредноста на резултатот од примената на полиграфот. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал, кафе пауза, finger food, сертификат за присуство на семинарот.