За нас

Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права „МЕНАЏЕР ЗА КОРПОРАТИВНА БЕЗБЕДНОСТ“ – Скопје е непартиско, непрофитно, неполитичко и невладино здружение на граѓани. Асоцијацијата е посветена на значењето, развојот и промоцијата на концептот за корпоративна безбедност, почитување на владеење на правото и заштита на човековите слободи и права во оваа област. Дејноста на Асоцијацијата е од јавен, самостоен, независен и општ карактер.
 
Цели на Асоцијацијата:
 
унапредување на концептот на корпоративната безбедност во Република Северна Македонија;
јакнење на професионалната одговорност, интегритет и дигнитет на менаџерите на корпоративната безбедност;
промоција на корпоративните безбедносни функции и заштита на човековите слободи и права во деловниот свет;
вклучување во активностите на Асоцијацијата на дипломирани, магистрирани и  студентите на универзитетите каде што се изучува теоретски корпоративната безбедност, сајбер безбедноста, здравствената безбедност, приватната безбедност, безбедноста на човечките ресурси, заштитата на личните податоци, владеењето на правото и човековите права (преку нивно информирање за концептот на корпоративната безбедност,  владеење на правото и човековите права, организирање на практична настава и обука и други облици на научно и практично дејствување).
 
Задачи на Асоцијацијата:
научно истражување на состојбите кои се однесуваат на концептот за корпоративната безбедност, заштитата на човековите права и владеењето на правото;
промоција на стручна и научна литература од областа на корпоративната безбедност, владеењето на правото и човековите слободи и права;
информирање на стручната, научната и поширока општествена јавност за современите сознанија за корпоративната безбедност, почитувањето на човековите слободи и права;
истражување на ставовите на јавноста во Република Северна Македонија во врска со развојот на корпоративната безбедност;
остварување соработка со невладините и стручни здруженија да организираат и даваат експертизи од областа на корпоративната безбедност;
организирање на  стручни советувања, конференции, семинари, предавања и други форми на заедничка работа;
унапредување, развој и промоција на концептот на корпоративна безбедност и јакнење на професионалните и корпоративните стандарди;
промоција на позицијата менаџер на корпоративна безбедност;
промоција на концепт за сајбер безбедност, заштита на лични податоци, противпожарна заштита и  заштита од индустриска шпијунажа;
истражување на состојбите во областа на корпоративниот криминалитет;
 јакнење на партнерството помеѓу јавниот и приватниот безбедносен сектор.