16-17.10.2020
2020-Меѓународна-научна-конференција-Локалната-безбедност-во-контекст-на-современите-безбедносни-ризици-и-заканиМисија на конференцијата:
Мисијата на конференцијата е да одговори на предизвиците со кои се соочуваат припадниците на безбедносните институции, здравствените работници и локалните заедници. Преку разменана експертски знаења, професионални практики и индивидуални искуства, како и взаемна соработка помеѓу образовните институции, научно-истражувачкиот сектор, безбедносните институции, ќе се создаде основа за да се дојде до релевантни и применливирешенијасо кои ќе се подобри справувањето на локалната заедница и безбедносните институции со големиот мигрантски бран во услови на пандемија и функционирање на целата држава под посебни здравствени и безбедносни протоколи.
Цели на конференцијата:
Конференцијата има научна, стручна и поширока општествена цел. Научната и академска заедница е во функција на истражување на општествените појави и процеси како што е појавата на миграција и криминалот поврзан со оваа појава. Експертите и професионалците во безбедноста имаат посебна задача да придонесат за унапредување на секојдневното работење и усовршување на практиката на оперативно, тактичко и стратешко ниво. Стручните лица, експерти од областа на здравството имаа одговорност и задача да го изнајдат најсоодветниот модел на однесување и постапување на граѓаните во справувањето со спречување на ширењето на пандемијата како и во постапувањето со категоријата на лица – мигранти кои се затекнуват на наша територија. Воедно научната и академска заедница, безбедносната заедница и здравствениот сектор треба да помогнат на локалната заедница во поставувањето на фундамент за изнаоѓање на добри практики и решенија кои позитивно ќе влијаат на зголемувањето на самата безбедност во заедницата и здравјето на граѓаните, а кои практики и решенија ќе бидат засновани на европски докажани стандарди и искуства.


