ПРИВАТНИТЕ ДЕТЕКТИВИ ВО ОБЛАСТА НА КОРПОРАТИВНАТАБЕЗБЕДНОСТ, КРИВИЧНАТА ПОСТ

Еднодневен семинар:

  1. ноември 2018 година
    10:00-15:00 часот
    Европски универзитет – Република Македонија, aмфитеатар
    Со цел создавање услови за непречено користење на услугите на приватните детективи во нашата држава согласно
    Законот за детективската дејност и Законот за кривичната постапка од страна на физичките и правните лица во
    граѓанската, кривичната постапка, но и за приватните потреби; унапредување на детективската дејност во практиката,
    но согледување на одредени законски слабости во постоечката регулатива; мотивирање на дипломираните детективи
    да се исправат пред предизвикот да отпочнат самостојно со вршење на оваа дејност, Асоцијацијата за корпоративна
    безбедност во соработка со Европскиот универзитет – Република Македонија на 17 ноември 2018 година, организиран
    еднодневен семинар со насловната тема.
    Семинарот пред се има за цел да има помогне на студентите и дипломираните детективи да се стекнат со знаења и
    искуства за правилно практицирање на детективската дејност, како идни извршители на оваа дејност, потребните
    услови за стекнување лиценца за приватен детектив, легитимација за приватен детектив, упис во Централен регистар,
    осигурување за вршење на оваа дејност и друго.
    Семинарот исто така е наменет за адвокати, извршители, нотари, судии, обвинители и сите останати правни и
    физички лица кои се заинтересирани за начинот на користење на услугите на приватните детективи според постојните
    законски решенија.
    ПРОГРАМА:
  • Услови за вршење на детективска дејност – актуелни аспекти на состојбите во оваа област во Република Македонија
  • Улогата на детективите во корпоративната безбедност
  • Business Intelligence
  • Сајбер безбедност – сајбер напади – практични искуства
  • Приватните детективи согласно Законот за кривична постапка
    ПРЕДАВАЧИ:
    Проф. д-р Драган Триван, основач на детективската агенција Протекта, Белград, истакнат стручњак од областа на
    корпоративанта и приватната безбедност во регионот, сопственик на компанијата Протекта Груп, Белград,
    редовен професор н а Ф акултетот за деловни студии и право, Белград.
    Проф. д-р Атанас Козарев, Проректор на Европски универзитет, лиценциран приватен детектив,
    Претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје.
    Дипл.детектив, Александар Момировски, меѓународен експерт за ИСО 27001, со повеќегодишно практично искуство
    во областа на сајбер безбедност во областа на деловното работење и за потребите на физички лица.
    Г-дин Јован Цветановски, Виш Јавен обвинител, со повеќегодишно релевантно искуство во јавнообвинителската
    дејност, одличен познавач на практиката на кривичната постапка.
    За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
  • Работен материјал;
  • Кафе пауза;
  • Сертификат за присуство на семинарот